Олаф Шолц бил против Фон дер Лајен да стане шефица на НАТО бидејќи би била премногу строга кон Русија

Олаф Шолц ја блокираше Урсула фон дер Лајен да стане нов шеф на НАТО затоа што веруваше дека таа ќе биде премногу строга кон Русија, пренесува Телеграф повикувајќи се на објави во германските медиуми во саботата, .

Германскиот канцелар, кој се соочува со критики за неговиот внимателен пристап во дипломатијата со Владимир Путин, наводно му рекол на Антони Блинкен, државниот секретар на САД, дека е против назначувањето на Фон дер Лајен.

„Шолц беше категорично против фон дер Лајен да стане шеф на НАТО“, објави германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, цитирајќи официјални претставници во Брисел и европски дипломати.

Според мислењето на Шолц, Фон дер Лајен била премногу критична кон Путин и тоа можело „да се покаже како неповолна положба на долг рок“, додаваат изворите.

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, треба да се повлече од функцијата во октомври, откако трипати го продолжи својот мандат.

Името на фон дер Лајен, поранешна германска министерка за одбрана, која моментално е претседател на Европската комисија, се споменува како еден од потенцијалните наследници.

Вториот е Марк Руте, холандскиот премиер, чии шанси да ја добие улогата се зголемија поради противењето на Шолц кон Фон дер Лајен, објави Велт ам Зонтаг.

Се вели дека Руте е заинтересиран за улогата, но се обиде да го намали својот ентузијазам за работата во последните недели.

„По 13 години на оваа работа сè уште правите грешки“, им рече тој на учениците во едно училиште во Берлин минатиот декември. „И грешката беше што зборував за можна смена за мене, на местото генерален секретар, и апсолутно не сум сигурен дали тоа ќе се случи“.

Во извештајот од април 2023 година во весникот „Сан“ се вели дека Британија, исто така, би можела да стави вето на кандидатурата на Фон де Лајен за улогата, наведувајќи ја нејзината лоша работа како министерка за одбрана на Германија во кабинетот на Ангела Меркел.

За време на нејзиниот мандат како министер за одбрана од 2013 до 2019 година, таа се соочуваше со чести критики дека многу зависи од употребата на надворешни консултанти и празнините во воената подготвеност на германската армија, пишува Телеграф

Руската инвазија на Украина принуди големи реформи и зголемување на трошоците во германските вооружени сили, кои ги надгледува Борис Писториус, министерот за одбрана. Тој вети дека ќе ја направи нацијата „подготвена за војна“, поради загриженоста дека Русија може да нападне земја членка на НАТО во следните три години.

Бен Валас, поранешниот секретар за одбрана на ОК, исто така се дискутира во круговите на НАТО како потенцијален кандидат за наследник на Столтенберг, заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Подготви: Д. Мишев