реклама

Духот на младите се враќа во старата чаршија. Младите велат дека високите температури во текот на денот и доаѓањето на печалбарите ја зголемило фрекфенцијата во текот на ноќните часови, при што кога е посвежо сакаат да се забавуваат со пријателите.

Имаше поплаки за цените и се спомна и економската криза, но според нив просечно во текот на денот по локали трошат по 1000 денари.

реклама

Адем Мемиши, е човекот кој се грижи за улиците во скопската чаршија каде се сместени локалите. Вели дека  поголема заслуга за оживувањето на старата чаршија има сегашниот еснаф Бујар Дулови, кој ги слуша барањата на младите еснафи и ги разгледуваат заедно со нив.

Тој исто така додава дека најчесто има дебати за високите цени, но го истакна фактот дека имаат прекрасна меѓусебна соработка и сето тоа го подобрило и квалитетот на услугата кон клиентите.

реклама

Други пак сметаат дека има недостиг на ноќен живот во Скопје, нема доволно настани и дека засега единствената забавна атракција за скопјани се овие локали.

реклама