По повод Светскиот де на менопаузата – 18 октомври, на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје од 16 до 20 октомври ќе се организираат бесплатни прегледи за жените кои се во перименонауза или пак веќе се во менопауза.

Прегледите се бесплатни, не е потребно закажување и не е потребен упат. Прегледите ќе се одржуваат од 16 до 20 октомври од 14 часот до 20 часот во амбуланта бр. 11, а ќе прегледуваат докторите:  ас. д-р Даниел Милковски (16 октомври), доц. д-р Анета Сима (17), ас. д-р Димитар Калчовски (18), ас. д-р. Наташа Илиева (19) и ас. д-р Ива Малахова-Ѓореска на 20 октомври.

Перименопауза е период кој претходи на менопаузата, а почнува неколку години порано, главно во раните четириесетти години, но може и порано. Во тој период се намалува нивото на женските полови хормони, што значи дека јајниците постепено почнуваат да произведуваат помалку естроген.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.