Иако умереното внесување кафе е многу добра работа за нашето здравје, понекогаш некои луѓе сакаат да се одвикнат од овој пијалак.

Затоа, лекарите откриваат што всушност се случува со нашето тело откако ќе престанеме да консумираме кафе, а како што велат, има неколку несакани ефекти и не се баш најпријатни.

Имено, повеќето луѓе можат да доживеат одредени промени при „одвикнување“ од кофеин, пренесува WebMD. Тежината на симптомите што се појавуваат откако наеднаш ќе престанеме да пиеме кафе варира од поединец до поединец и најчесто ги вклучува следните несакани ефекти:

главоболка

замор

намалена енергија/активност

поспаност

полошо или депресивно расположение

тешкотии со концентрацијата

ненадејни промени во расположението

раздразливост

чувство на збунетост.

Токму поради овие симптоми, лекарите советуваат никогаш да не престанеме наеднаш да пиеме кафе, туку постепено да го намалуваме внесот на кофеин додека конечно не го исфрлиме од консумирање.

Исто така, тие додаваат дека најдобро би било на почетокот да го „излажете“ организмот, па наместо да престанете со консумацијата на кафе, пијте кафе без кофеин.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.