Албанскиот парламент со 75 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство, на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот мандат на поранешниот албански претседател и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша(79).

Со ова одлука на законодавниот дом се отвора патот, Специјалното обвинителство и судот против организиран криминал и корупција да одредат мерка затворски или домашен притвор. Поради возраста, мерката која ќе му биде определена, повеќе од сигурно е дека ќе биде домашен притвор, бидејќи законот не дозволува затворски притвор за лица повозрасни од 70 години.

И покрај неколкупати повторениот повик од страна на претседателката на парламентот Линдита Никола да го оствари правото на говор, Бериша тоа го одби.

Седницата, на која експресно беа усвоени повеќе одлуки, мина во веќе познатата хаотична атмосфера, со блокирање на собраниската говорница, палење димни бомби, извикување недолични зборови од страна на опозициските пратеници-приврзаници на Бериша.

Прикажи повеќе