Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија минатогодишната двојна круна. По освоениот трофеј во Купот на Македонија, денеска Работнички доминантно дојде и до шампионскиот трофеј откако во финалната серија беше поуспешна од Јанта волеј со 3-1 во победи.

Во денешниот четврти натпревар од финалната серија, Работнички Скопје на теренот на Јанта волеј славеше ппет сета со 20-25, 17-25, 25-19, 25-19, 5-15.

Избраничките на Душко Деспотовски одиграа одличен натпревар, иако наидоа на навистина жесток отпор од одбојкарките на Јанта волеј кои и по негатива од 2-0 во сетови, не се откажаа, за да Работнички сепак на крај дојде до убедливи 15-5 во петтиот сет./Ekipa.mk

Прикажи повеќе