Ниеден производ на ги отстранува магично дамките од кафе, цигари и газирани пијалоци од забите.

Но, овој рецепт за домашна и сосема природна паста за заби ќе направи чудо за вашата насмевка.

На сите им е познато дека пастите за заби кои се наоѓаат на пазарот содржат разноразни хемикалии кои секако немаат позитивен ефект на вашето здравје, особено ако се земе во предвид повеќегодишното користење на тие хемикалии.

Се што ви е потребно за домашната и здрава паста е следното: прашок за пециво, кокосово масло и масло од нане (може и некое друго масло како на пример од портокал).

Потребен ви е сад каде ќе ја чувате вашата паста.

Подготовка: Ставете пет лажици прашок за пециво во сад, потоа ставете четири лажици кокосово масло, на крајот ставете 10 до 15 капки масло од нане и се помешајте.

Прашокот за пециво ќе ги избели вашите заби, кокосовото масло ќе делува антибактериски, а маслото од нане ќе го освежи вашиот здив.