реклама

Кога одредени уреди не се користат, но се приклучени, тие пасивно трошат електрична енергија и со тоа всушност непотребно ги зголемуваат вашите трошоци.

Повеќето од овие уреди трошат незначителна количина на енергија, но други, како оние што ќе ги наведеме подолу, можат да трошат значително повеќе.

реклама

Командо наведува дека ова се некои од уредите кои непотребно ви трошат струја:

Полначи. Доколку имате навика да го оставате полначот во штекерот дури и откако ќе ви се наполни мобилниот телефон, лаптопот или нешто друго, треба да ја прекинете таа практика бидејќи во тој случај полначот се уште ви троши струја.

реклама

Компјутер. Многумина од нас не го исклучуваат компјутерот откако ќе завршат со негово користење, туку само ја вклучуваат опцијата ‘sleep’. Иако оваа поставка значи дека вашиот компјутер брзо ќе се подигне кога ви треба, треба да се забележи дека истата опција ќе ја зголеми и вашата сметка за електрична енергија.

ТЕЛЕВИЗИЈА. Кога ќе го исклучите телевизорот, забележувате ли црвено светло? Ако одговорот е да, тоа значи дека уредот сè уште троши електрична енергија.

реклама