Високиот крвен притисок е тивок убиец. За да спречите зголемувањето на притисокот, треба да ја регулирате исхраната.

За да постигнете такво нешто треба да ги вклучите и овие две намирници во вашето мени:

Цимет

Неколку студии потврдуваат дека систолниот (горниот) и дијастолниот (понизок) притисок кај возрасните се намалува со добро познатиот мирисен зачин – цимет.

Ако додадете половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За итен ефект, истопете малку цимет во прав во устата и проголтајте.

Лук

Оваа здрава намирница го намалува крвниот притисок речиси веднаш. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува, со што крвта полесно циркулира и со тоа го намалува притисокот.

За моментално дејство и моментално спуштање на крвниот притисок, јадете сурови чешниња од лук со леб или исецкајте го во салата или јадење.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.