Ако сте пробале сè, а болките во грбот се уште се присутни, испробајте ги овие вежби, специјално дизајнирани да ве ослободат од напнатоста.

Поради модерниот начин на живот, кој подразбира многу седење и гледање во мобилните телефони, таблети или компјутери, прво се оштетени ‘рбетот, грбот, потоа рамената и вратот.

Неправилната седечка положба го оптоварува вратот и грбот и влијае на целокупното држење на телото, што се влошува со текот на времето. За среќа, одредени вежби можат да ги ублажат овие проблеми.

Најдовме тренинг кој се состои од неколку лесни јога вежби кои значително ќе го подобрат држењето на телото, но и ќе ја ублажат болката. Треба да одвоите само 10 минути дневно, а доколку сте упорни, за кратко време ќе почувствувате дека мускулите на грбот се многу посилни и дека вашето држење е подобрено.

Иако се многу лесни за изведување, тие се многу ефикасни. Ги таргетираат вистинските мускулни групи, ги зајакнуваат и ги истегнуваат, што придонесува за севкупно подобро чувство.

Во видеото погледнете како изгледа целиот тренинг: