„Baby Shark“ е најпопуларната детска песна во светот и достигна 10 милијарди прегледи на YouTube, пренесува CNN.

Не само што е најгледаното видео на платформата, туку и првото видео кое достигна 10 милијарди прегледи, потврдија од YouTube за CNN.

Видеото кое има повеќе прегледи од луѓето на планетата можете да го погледнете на линкот под статијата.

Оваа песна за деца ја осмисли јужнокорејската компанија која се занимава со образование, „Пинкфонг“, а ја изведе пејачката Хоуп Сегоин.

Песната беше објавена во 2016 година и веднаш стана вирален хит во Азија. Подоцна, песната се прошири и на други делови од светот.

„Успехот на оваа детска песна е случаен“, изјави директорот на оваа компанија за CNN. „Никој не очекуваше видеото да има толку многу прегледи на интернет.

За да прослави 10 милијарди прегледи, Пинкфонг ги покани децата од целиот свет да го споделат својот „танц на ајкула“ на интернет.