За Лука Модриќ годините се само бројка. Иако има 36 години на плеќи, хрватскиот играч за врска и понатаму е брилијантен и главен „мозок“ на големиот Реал.

Минатиот викенд Модриќ одигра импресивен натпревар во победата на Реал над Атлетико, поради што веднаш се шпекулираше за негово продолжување на договорот со кралевите.

Искусниот хрватски играч за врска е врзан за кралевите до крајот на сезоната, а Марка ги пренесе деталите од неговиот договор, според кои неговата годишна плата е 23 милиони евра.

Новинарите на весникот, кој традиционално му оди во прилог на Реал, дадоа се од себе во математиката и детално ја пресметаа заработката на капитенот на хрватската репрезентација.

Месечната плата на Модриќ е 1,96 милиони, тој заработува 457.630 евра неделно, 65.375 евра дневно или 2.723,99 евра на час, поточно 45,4 евра за минута или 0,75 евра во секунда.

Тоа е направено во бруто износи, но поради пандемијата на коронавирус прифати намалување од 10 проценти, така што неговиот реален приход е двојно помал.

Сепак, заработката од 11 милиони годишно, или 200.000 евра неделно, по наши стандарди секако може да се смета за вистинска вредност.