Украинскиот пристанишен град Одеса ноќеска повторно бил цел на нов бран руските напади со беспилотни летала и ракети, јавуваат светските медиуми.

Во последниот напад најмалку три лица се повредени, пренесува Гардијан, повикувајќи се на извештаите на локалните власти. Сите тројца биле вработени во ракетиран супермаркет, од кои двајца поради видот на повредите се хоспитализирани.

Како што соопшти гувернерот на областа Олег Кипер остатоци од дроновите и рактите предизвикале оштетувања и пожари на три објекти во Одеса.

Одеса е најголемото пристаниште и поморска база во Украина. Градот постојано е напаѓан со проектили и беспилотни летала, откако Москва минатиот месец се повлече од договорот за жито што беше постигнат со посредство на Обединетите нациин и Турција, а кој и овозможуваше на Украина безбедно да извезува жито од своите пристаништа на меѓународниот пазар.

Прикажи повеќе