Првото убиство се случи минатиот петок, на 5 август, во локалот „Бон виван“ во центарот на Приштина, каде што едно лице беше убиено, а имаше и 17 повредени.

За случајот се осомничени седум лица, сите со криминални досиеја, а едно од нив, Дукаѓин Никола – „Дука“, по кого има и меѓународна потерница од Интерпол за вмешаност во трговија со наркотици и натаму е во бегство.

На 7 август се случи убиство во угостителски објект во градот Клина. Жртвата со тешки повреди е пренесена во болницата во градот, од каде што е упатена во болничкиот центар во Пеќ, каде што е констатирана неговата смрт.

Во врска со ова убиство, полицијата се обрати со апел за помош од граѓаните за пронаоѓање на сторителот, кој е идентификуван како Туш Фроку, швајцарски државјанин, роден 1975 година.

Третото убиство, во кое покрај еден загинат има и тројца ранети, од кои еден потешко, се случи во првите часови на денешниот ден во селото Руника, општина Србица. Жртвата е 39-годишен маж, идентификуван со иницијалите Н.Л.

Според првичниот полициски извештај, во кафеана во споменатото село упаднале двајца вооружени и маскирани мажи и отвориле оган врз жртвите, по што побегнале во непознат правец.