Во деновите кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките против коронавирусот, во Германија се воведуваат дополнителни, „чудни“ прописи. Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада.

Иено, секој што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата, како што се тврди – не може добро да се постави на лицето.

Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“. Односно, како што се вели, студентите може да пуштат мустаќи, но ако сакаат да одат на предавања, мора да ја избричат ​​брадата.