Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија, според проценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра.

Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглерод што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.

Бостон Консалтинг групацијата посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот Енергија Балкан.

Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.

Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.