Новата омикронска подваријанта ЕГ.5 или „Ерис“ е оценета како инфекција со низок ризик, но може да предизвика поголем бран на болеста.EG.5 првпат беше откриен на 17 февруари, но СЗО му даде статус на „варијанта под надзор“ на 19 јули по наглото зголемување на случаите, особено во Азија. Од 7 август стана „варијанта од интерес“.Според здравствената апликација ZOE, симптомите на EG.5 и EG.5.1 се слични на другите омикронски подваријанти.Главоболка
Замор
Воспалено грло
КивавицаСЗО соопшти дека врз основа на достапните докази, „ризикот по јавното здравје што го носи EG.5 е низок на глобално ниво“ и сличен на другите подваријанти на омикрон што ги видовме во изминатите две години.
Тие не открија зголемен ризик од сериозност на болеста во споредба со она што се случи изминатите години особено со светската пандемија..

„Поради неговата предност во ширењето и избегнувањето на имунитетот, EG.5 може да предизвика зголемување на инфекциите и да стане доминантен во некои земји, па дури и на глобално ниво. Во некои азиски земји каде што циркулира EG.5, има зголемување на хоспитализациите, но нема докази за поврзаност помеѓу субваријантот и каков било скок во приемите во болница, велат од Светската здравствена организација

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.