Четиринаесетгодишникот приведен за убиство на Македонец во „Сончев Брег“ има криминално досие. Против него е поведена предистражна постапка за разбојништво, како и за кражба. Ова го соопштија на брифинг истражителите во Бургас, јавува Нова.бг.

Жртвата и Македонецот не се познавале.

„Тие оствариле контакт на улица. Според податоците, имало некаков договор за сексуален контакт. Тие отишле на местото на злосторството. Жртвата е убиена со удар од колец“, изјави директорот на полицијата во Бургас, Калојан Калојанов.

Другиот можен мотив за злосторството е ограбување на жртвата.

„Недостигаат 1 800 лева. Утврдено е дека дел од нив се искористени за купување на залог во заложна куќа. Со преостанатото, сторителот си купил работи“, додаде тој.

Прикажи повеќе