Иако се изгласани законски измени, бавно оди набавката на лекот „Трифакта“. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека проблемот го наследил и дека откако е тој на челната функција во изминатите два месеца, формирал комисија што порано ја немало.

Не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти што го чекаат, а на укажувањето дека Асоцијацијата за цистична фиброза најави и протести, одговори „не зависи сѐ од нас“.

– Има законски процедури и тендери и не можам да прејудицирам со законски рок. Тоа е и неблагодарно. Сакаме што побрзо да го решиме тој проблем и од денот кога станав министер секој ден се занимавам со тој проблем. Формираме точни процедури и протоколи, секој ден разговараме и за местото каде ќе бидат згрижени најдобро пациентите со цистична фиброза за тоа да биде подолготрајно, ефективно и поквалитетно. Тоа е посензибилен проблем и не стоиме со скрстени раце. Правиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот и еднаш засекогаш да го решиме тој проблем… Пациентите да добијат иноватвен лек, а потоа компетентните во стручната комисија да одлучат кој е најзагрозен пациент за да прими терапија, изјави Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

На прашањето дали повторно пациентите ќе се вратат во болницата за деца „Козле“, одговори дека се разгледуваат сите можности како ќе биде најдобро за нив и дека во формираната комисија членува и пациент со цистична фиброза

Извор: МИА

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.