реклама

Мобилните телефони станаа потреба, не можеме да замислиме ниту еден ден без нив. Употребата на мобилни телефони стана наше секојдневие, но при користење се зголемува бројот на пречки и оштетувања на мобилниот телефон.

Неопходно е правилно одржување за подолг работен век на мобилниот телефон. Една од најважните работи е да знаете како правилно да ја пополните, но и какви грешки да избегнувате, пишува Пинквила, цитирана од Вечерњи. Ова се најчестите грешки кои луѓето ги прават со мобилните телефони, а со тоа им го намалуваат животниот век.

реклама

Оставање на полначот во штекер: Полначот оставен во штекер не само што доведува до повисоки сметки за струја, туку е и многу опасен. Трансформаторот ослободува топлина и акумулацијата на топлина може да доведе до пожар или краток спој во трансформаторот што може да предизвика пожар.

Празнење на батеријата до крај и полнење до 100 проценти: Батериите во мобилните телефони се направени на база на литиум и работат во циклуси на полнење. Ако ја оставите батеријата бавно да се троши до крај, полека го уништувате вашиот уред. Исто така, не треба да се полни до 100 проценти, ниту пак да го оставате телефонот на полнач подолго од тоа. Полнењето до крај всушност го скратува животниот век поради одреден број циклуси на полнење. Дополнително, оставањето на мобилниот телефон на полначот преку ноќ доведува до повисока сметка за струја, нарушувајќи го циклусот на полнење и прегревање на уредот.

реклама

Користење на мобилен телефон додека се полни: празнењето на батеријата додека се полни, многу ја оптоварува батеријата. Ако треба да направите нешто на вашиот мобилен телефон, отстранете го од полначот и кога ќе завршите, вратете го на полначот.

Користење на различни полначи: Кога купувате нов мобилен телефон, со него добивате и соодветен полнач. Затоа, секогаш користете го, а не други полначи кои ви се достапни. Јачината на полнење е различна за секој полнач и мобилен телефон и важно е секогаш да се полни со соодветна јачина. Сепак, секогаш е подобро да користите штекер наместо други уреди, како лаптоп, за полнење.

реклама