Нетанјаху ја одобри воената офанзива во Рафа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ги одобри плановите за воена офанзива во градот Рафа кој се наоѓа во јужниот дел на Газа, соопштија од Канцеларијата на Нетанјаху.

-Израелскиот премиер Нетанјаху ги одобри плановите за воена операција во Рафа, а Армијата оперативно се подготвува за тоа и за евакуација на жителите, се вели во соопштението кое се пренесува од Агенцијата Анадолу без да се наведат дополнителни детали.

Според меѓународните извештаи, неколку земји го предупредија Израел да не врши воена операција во Рафа, во кој се сместени повеќе од 1,4 милиони Палестинци.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на 7 октомври предводен од палестинската група Хамас.

Најмалку 31.490 Палестинци, претежно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а 73.439 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на палестинската енклава, оставајќи го населението, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна предизвика 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради уништувачката блокада на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Х. Сулејман