Најмалку пет работници загинале во понеделникот во северниот германски град Хамбург кога се урнало скеле на градилиште, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

„Неколку луѓе се закопани под скелето и се сметаат за исчезнати“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Тој додаде дека во несреќата загинале пет работници.

Несреќата се случила во делот на пристаништето каде се градат трговски центар, ресторани, деловен простор и хотели.

Тоа е едно од најголемите градилишта во Хамбург.

Прикажи повеќе