Били Ајлиш ја изненади публиката на „Коачела фестивалот“ во саботата навечер изведувајќи неколку песни со пејачката од бендот „Парамор“, Хејли Вилијамс.

– О, погледнете! Празно столче. За кого е тоа?!, ги праша Ајлиш насобраните луѓе по што ја покани својата драга колешка на сцената. – Може ли, сите ние, да ѝ посакаме добредојде на мојата пријателка Хејли Вилијамс!?

Меѓу песните беше и култната „Misery Business“ на „Парамор“ од 2007 година. Изненадувачкиот дует стана хит на интернет.