реклама

Заврши големото финале на Евровизија 2023 во Ливерпул, а синоќа се претставија 26 земји, каде победник е претставничката на Шведска Лорин која освои 583 поени.

Лорин не можеше да ги сокрие солзите кога излезе на сцената и откако новинарите ја прашаа како се чувствува што е втората личност која некогаш победила на Евровизија.

реклама

Таа им се обрати на сите и истакна дека ова е голема чест за неа, постојано држејќи го пехарот.

  • Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам! – Лорин беше емотивна при нејзиното обраќање до публиката и сите што го следеа споменатиот натпревар.

Инаку, Лорин ја започна својата кариера во 2004 година во шведската верзија на музичкиот натпревар Идол.

реклама

Лорин Зинеб Нора Талауи е шведска пејачка и текстописец. Родена е во Стокхолм од марокански родители.

На старите снимки од овој период, кои повторно се појавија во текот на бројните предвидувања на обложувалниците дека ќе победи, Лорин изгледа „не е истата жена што ја гледаме сега“.

реклама

Своето прво појавување во јавноста го има во 2004 година во Идол, кога заврши на 4то место. Следната година, таа сними сингл и стана ТВ презентер.

Тогаш Лорин беше срамежлива и талентирана девојка чија цел беше да стане популарна.

Во зависност од конкуренцијата и изборот на песна, таа го менуваше стилот, па можевме да ја видиме со кратка кадрава коса, но и долга, со капа во рап стил…

За прв пат се обиде да оди на Евровизија во 2011 година кога учествуваше на националниот натпревар Мелодифестивален, но не помина. Тогаш јавноста ја виде во сосема поинаков стил, со шишки.

Но, Лорин не се откажа и продолжи да се пријавува на овој конкурс во следните години. Така со песната Euphoria во 2012 година победи и ја донесе Евровизија во Шведска.

реклама