Ракометарот Фахрудин Мелиќ откако побара раскин на договорот со Сен Рафаел, наводно поради семејни причини, се врати на Балканот и веќе има нов клуб.

Иако од Нексе нема потврда за трансферот на Мелиќ во нивниот клуб, црногорските медиуми најавуваат дека соработката помеѓу двете страни е веќе договорена и наскоро се очекува промоција на Црногорецот во клубот од Нашице.