Европската фудбалска асоција, УЕФА донела одлука која веќе е испратена до сите клубови кои се дел од Европските купови, во која стои дека сите невакцинирани фудбалери и членови на стручните штабови нема да смеат да земаат учество на натпреварите од Лигата на шампионите, Лига Евопа и во Конференциската лига.

Ова значи дека ПЦР тестирањето за Ковид-19 нема да биде доволен доказ и аргумент за правото на настап.

Можно е за престојните натпревари од натпреварувањата на УЕФА да има исклучоци, но тоа би важело само за воведните натпревари, додека за реваншите сите ќе мора да имаат вакцинален сертификат.