
Италијанските власти откриле 850 килограми кокаин на товарен брод во близина на Венеција, а според грчките медиуми, станува збор за брод во сопственост на грчка компанија, јави дописничката на МИА од Атина.
Кокаинот, откриен во 570 пакувања е во вредност од 150 милиони евра.
Грчките медиуми денеска пишуваат дека конкретниот брод Атлас плови под либериско знаме и е во сопственост на грчката бродска компанија Ласкаридис.