На млада пациентка од Валандово за време на операција на миом во Општата болница во Струмица по грешка и ги подврзале двата мочни меури, со што прекинала да мокри и во последен момент и ги спасиле бубрезите, неофицијално дознава „Фокус“.

Според порталот, пациентката во октомври била оперирана на гинеколошкото одделение во болницата, при што лекарите за време на интервенцијата и ги подврзале мочоводните канали што го поврзуваат бубрегот со бешиката, со што таа поминала цело патешествие по здравствените лавиринти низ болниците.

Ваквите информации на „Фокус“ ги потврдија и од ДСЗИ, од каде што информираат дека до нив е поднесена писмена пријава од адвокат, полномошник на пациентката.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.