На онкологија сега има терапија и сите пациенти се покриени. Ние превентивно преземаме мерки, за да не доаѓаме во тешки ситуации да нема лек, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити во врска со реакциите од пред извесно време за недостиг на лекови на Клиниката за онкологија.

Морам да споделам и да кажам дека тоа не е на ниво на нашата држава, тоа е на ниво на светот – недостига таа дефицитарна материја и такви проблеми очекуваме, изјави Меџити, додавајќи дека во таа насока работите сега се подобрени.

Меџити смета и дека има подобрување во однос на термините за закажување.

Контролори и инспекции се на терен, има подобрување во врска со термините, одговори Меџити во однос на поплаките за немање термини за прегледи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.