Лука Ернандез има време до 19 октомври да ги реши сите свои проблеми со законот. Ако не успее се да реши до овој датум, му се заканува и издржување на затворска казна.

Мадридскиот суд и наложи на ѕвездата на Баерн доброволно да се јави во затвор со цел да ја одработи казната поради тоа што ја прекршил забраната која судот му ја одреди кон неговата поранешна партнерка.

Ернандез патувал во Мајами, заедно со својата партнерка, откако судот на двајцата им забранил приод еден кон друг по претходен конфликт. Не само што патувале заедно, туку тие споделија и фотографии од патувањето со кое докажуваат дека се венчале во Лас Вегас, игнорирајќи ја забраната за приоѓање.

Ова за Ернандез е трет прекршок од ваков вид, па судот сите досегашни жалби, а шпански „АС“ пишува дека останала само една. Во согласност со тоа, Ернандез на 19 октомври ќе биде службено известен дека мора да оди во затвор на шест месеци.

По ова има 10 дена доброволно да дојде и да се јави во затвор. Ако не го направи тоа, ќе бидат преземени сите потребни правни чекори со цел да се одведе таму против негова волја.

Единствено што може да го спаси Ернандез во овој момент е последната жалба. Ако таа биде уважена на време, нема да мора да одработи ни ден затвор, но шпанските медиуми тврдат дека е малку веројатно со оглед на тоа колку таквите процеси обично траат.