Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 153 нови случаи на Ковид-19.

Во истиот период се регистрирани и 11 починати лица од кои по двајца починати се од Кавадарци (49г и 70г), Прилеп (54г и 63г) и Демир Хисар (74г и 77г), додека по едно починато лице се регистрирани од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.

Со овие бројки во земјава се регистрирани вкупно 202.705 заразени со Ковид-19, бројот на на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 88767, Активни 3399

Куманово 12295, Активни 413

Тетово 11025, Активни 144

Прилеп 9505, Активни 291

Гостивар 8005, Активни 23

Битола 7465, Активни 245

Велес 6823, Активни 321

Кавадарци 6322, Активни 242

Охрид 6176, Активни 187

Штип 6183, Активни 205

Струмица 5913, Активни 119

Кичево 4105, Активни 70

Струга 3843, Активни 43

Кочани 3586, Активни 172

Гевгелија 2564, Активни 88

Неготино 2396, Активни 51

Свети Николе 2023, Активни 83

Крива Паланка 1654, Активни 140

Радовиш 1601, Активни 49

Ресен 1595, Активни 50

Дебар 1453, Активни 3

Берово 1257, Активни 37

Делчево 1170, Активни 45

Виница 1094, Активни 38

Пробиштип 1027, Активни 68

Валандово 858, Активни 25

Кратово 650, Активни 31

Богданци 586 24

Крушево 549, Активни 13

Демир Хисар 494, Активни 40

Македонски Брод 477, Активни 2

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 361, Активни 38

Пехчево 323, Активни 4

Дојран 150, Активни 7

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.