Во текот на ноќта турската полиција уапсила приближно 145 лица ширум земјата, кои се осомничени дека имаат врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), објавија денеска државните медиуми, јавува Ројтерс.

Апсењата доаѓаат два дена по бомбашкиот напад во Анкара, за кој одговорноста ја презеде ПКК. Двајца напаѓачи во неделата извршиле бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што двајца полицајци биле полесно повредени. Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.

Прикажи повеќе