реклама

КОГА го планирате вашиот меден месец, важно е дестинацијата да одговара на личностите и интересите на двајцата партнери. Ви носиме предлози за најдобрите дестинации за меден месец за секој хороскопски знак.

Овен – Нов Зеланд
Овните се авантуристи, па идеална дестинација за нив е онаа која нуди разновидност и возбуда. Ви го препорачуваме Нов Зеланд, земја која нуди прекрасни пејсажи, адреналински спортови и богата култура.

реклама

Бик – Тоскана, Италија
Биковите се страствени, сензуални и сакаат удобност. Регионот Тоскана во Италија е совршен избор за нив – прекрасни пејсажи, лозја, извонредна храна и луксузно сместување.

Близнаци – Амстердам, Холандија
Близнаците се љубопитни, социјални и комуникативни. Амстердам нуди сè што може да посака еден Близнак. Градот има богата историја, фасцинантни музеи, енергична уметничка сцена и разновиден ноќен живот.

реклама

Рак – Малдиви
Раковите се емотивни, грижливи и го сакаат семејството. За нив идеална дестинација е онаа која нуди мир, романтика и интимност. Раковите ќе уживаат во интимната атмосфера на Малдивите и можностите за релаксација, пливање и нуркање. Многу од хотелите на Малдивите нудат приватни вили со базени, кои обезбедуваат мир и приватност за младенците.

Лео – Монте Карло, Монако
Лавовите се самоуверени, креативни и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Нивната идеална дестинација е гламурозна и луксузна. Ви го препорачуваме Монте Карло, каде можат да уживаат во луксуз, коцкање и високо општество.

реклама

Девица – Прага, Чешка
Девиците се аналитички и сакаат да планираат, па затоа Прага е совршена дестинација за нив. Во Прага, Девиците можат да уживаат во шетање низ тесни средновековни улички, да посетуваат прекрасни замоци и цркви и да ја истражуваат чешката култура и кујна. Овој град нуди совршена комбинација на романса, историја и култура.

Вага – Буенос Аирес, Аргентина
Вагите се шармантни, елегантни и сакаат рамнотежа и хармонија. Буенос Аирес е град кој нуди елеганција, разновидна култура и жива атмосфера што ќе ги воодушеви Вагите. Во овој волшебен град, Вагите можат да уживаат во шетање низ живописните улици, посета на музеи и театри и романтични вечери со аргентински Малбек и сочни стекови.

Шкорпија – Бали, Индонезија
Скорпиите се страствени и мистериозни. За нив идеална дестинација е онаа која нуди приватност, егзотика и авантура. Островот Бали во Индонезија со прекрасните плажи, тропските пејзажи и луксузните вили е совршен избор.

Стрелец – Јужна Африка
Стрелците се слободоумни, оптимисти и сакаат да патуваат. За нив идеална дестинација е онаа која нуди разновидност, авантура и можност за учење. Јужна Африка, со своите импресивни сафари, живописни пејзажи и богата култура, е совршена опција.

Јарец – Единбург, Шкотска
Јарците се амбициозни, одговорни и ја ценат традицијата. За нив идеална дестинација е онаа која нуди богата историја, архитектура и луксуз. Единбург во Шкотска, со своите импресивни замоци, историски места и шармантни улици, ќе ги маѓепса Јарците.

Водолија – Копенхаген, Данска
Водолиите се неконвенционални, инвентивни и социјално свесни. За нив идеална дестинација е онаа која нуди уникатност, креативност и одржливост. Со својот иновативен дизајн, велосипедска култура и зелени иницијативи, Копенхаген е град во кој Водолиите ќе се чувствуваат како дома.

Риби – Венеција, Италија
Рибите се сочувствителни и имагинативни, па затоа бараат дестинација која нуди романса, уметност и духовност. Совршен избор за Риби е Венеција, Италија, со својот лавиринт од канали и прекрасна архитектура.

реклама