Преживеаните од ракетниот напад на железничката станица Краматорск во регионот Донбас во Украина, раскажуваат за ужасните сцени што ги виделе по нападот.

Жителката на Краматорск, Настија Јефрименко (17), вели дека кога станицата била погодена во петокот „сите паднале на земја“.

„Се сеќавам на многу силна бучава и имаше нешто што не погоди, гранати или ракети. Сите паднаа на земја. Тоа е се, кошмар, се почна да гори, сите беа во паника, изјави Настја Јефрименко 17-години

Друг жител, Олександр Качура, изјави дека нападот предизвикал хаос и голем страв кај луѓето кои трчале да си ги спасат главите.

„Имаше многу камиони, амбулантни возила, се беше хаос, судир меѓу луѓе кои трчаа во различни правци“, изјави Олександр Качура, сведок на нападот

Надвор од железничката станица, изгорените вагони, остатоците и крвните дамки на земјата сè уште укажуваат на насилството на нападот. Додека многу луѓе отишле во станицата да ги бараат своите исчезнати роднини.

Украинскиот железнички оператор соопшти дека евакуацијата на цивилите ќе продолжи преку другите станици во источна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, го осуди ракетниот напад како уште едно руско воено злосторство и рече дека Украина очекува остар глобален одговор. Американскиот претседател Џо Бајден, рече дека нападот „е уште едно ужасно злосторство извршено од Русија, погодувајќи цивили кога тие се обидуваат да се евакуираат во безбедни области“. Иако железничката станица Краматорск се наоѓа на територијата под контрола на украинската влада во Донбас, сепаратистите кои тесно соработуваат со руските војници ја обвинија Украина за нападот, во кој загинаа 52 лица. Меѓу загинатите има пет деца, а десетици се тешко повредени. /Алсат.мк

Исуф Кадриу