Нападот со дронови врз Одеса нанесе штета на земјоделските претпријатија

Ноќеска непријателот повторно го нападна регионот на Одеса со борбени беспилотни летала. Од дроновите се уништени две земјоделски претпријатија и индустриски објекти, изјави Олех Кипер, шеф на регионалната воена управа на Одеса во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Русите лансираа Шахеди од привремено окупираниот Крим. За жал, имаше штети. Во областа Одеса беа оштетени две земјоделски претпријатија. Избија пожари и уништени беа индустриски објекти. Пожарите беа брзо изгаснати. Нема повредени“, напиша Кипер.

М. П.