Бројот на загинати како резултат на рускиот напад на воената база во Јаворив, во близина на регионот Лавов, се искачи на 35.

Според надлежните, бројот на пациенти кои се здобиле со тешки повреди и се лекуваат во болница е 134.

За време на нападот, Русија истрела повеќе од 30 проектили врз воена база, која се користи за обука во присуство на странци, вклучително и земји од НАТО.

Се сомнева дека воздушните напади биле извршени од Црното и Азовското Море. Авионите полетале на аеродромот во Саратов.

Украинската воздушна одбрана успеа да собори дел од авионите, но тоа не беше доволно за да се спречи нападот./Indexonline/

Прикажи повеќе