Француски ракометен гигант Нант го потврди трансферот на шпанскиот ракометар Каулди Одриозола (24), кој доаѓа од редовите на Бидасоа Ирун.

Неговиот договор ќе започне на почетокот на наредната сезона и ќе трае до 2026 година.

Солидните настапи на Одриозола на европските натпревари му донесоа интерес од Нант. Се работи за играч со висок процент на реализација на своите удари, кој не се плаши од притисокот да игра на големи натпревари