Министерството за здравство ќе го набави „молнопиравир“, единствениот лек за ковид-19.

Министерството стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка, соопштија од МЗ.

Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид -19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Првите апчиња против коронавирус ќе им помогнат на луѓето со слаб имунитет и на тие кои веќе имаат тешки болести. „Молнупиравир“ се зема преку уста и луѓето можат да го земаат дома без да мора да одат во болница. Може да почнат да го пијат дури и пред да се влошат работите.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.

Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на коронавирусот, додаваат од МЗ.

Бројот на активни случаи во Македонија до вчера изнесуваше 5.699 од кои најмногу во Скопје – 2.932.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.