Фејсбук и Инстаграм би можеле да бидат затворени во Европа доколку регулаторите не одобрат споделување податоци, соопшти во понеделникот матичната компанија на овие социјални мрежи Мета.

Компанијата достави поднесок до Комисијата за хартии од вредност на САД.

– Ние сме предмет на закони и регулативи кои се развиени и диктирани како и под кои околности и дали можеме да пренесуваме, обработуваме и/или примаме одредени податоци кои се од клучно значење за нашиот бизнис, вклучувајќи ги и податоците споделени од земјите или регионите во кои работиме и споделуваме меѓу нашите производи, изјавија од компанијата Мета.

Тие објаснија дека доколку не можат да пренесат податоци меѓу земјите и регионите во кои работат, тоа може да има негативно влијание врз финансиските резултати.

Правото на Европската унија бара податоците на европските граѓани да се обработуваат на сервери лоцирани само во Европа.

Во 2020 година, ирската Комисија за заштита на податоци испрати наредба до Фејсбук да престане да пренесува кориснички податоци од ЕУ во САД. Националната управа за приватност на податоците се очекува да донесе конечна одлука за ова прашање во првата половина од оваа година. Во 2020 година, Европскиот суд на правдата пресуди дека преносот на податоци помеѓу ЕУ и САД не ја штити приватноста на европските граѓани.

– Доколку не се усвои нова трансатлантска рамка за податоци и не можеме да продолжиме да се потпираме на стандардни договорни клаузули или други алтернативни начини за пренос на податоци од Европа во Соединетите држави, веројатно нема да можеме да ги нудиме нашите најважни производи и услуги, вклучително и Фејсбук и Инстаграм во Европа, што може штетно да се одрази на нашиот бизнис, наведува Мета во нивното поднесок.