Лука Модриќ останува член на Реал Мадрид.

Како што е веќе познато, договорот на Модриќ со Кралевите истекува на лето, но јасна е желбата соработката да продолжи уште една сезона.

Модриќ игра се подобро, а Реал е лидер во Ла Лига. Популарната Марка тврди дека е договорен нов договор.

„Клубот е презадоволен од Лука. Лука се чувствува одлично во Реал и постигнат е договор. Реал наскоро ќе објави се официјално“, тврди Марка.

Модриќ е во Мадрид од 2012 година, освои се што може да се освои, а пред три години беше избран за најдобар играч на светот.

По натпреварот со Атлетико Мадрид неодамна доби аплауз од навивачите, а тренерот Карло Анчелоти му посака добредојде и му аплаудираше.