МНР на Украина: 92 ранети и 4 починати лица од руските ракетни напади врз украинските градови

„Ноќта на 2 јануари, Руската Федерација изврши уште еден масвен ракетен напад врз украинските градови. Непријателот лансираше десетици ударни беспилотни летала, крстосувачки и аеробалистички ракети ввр Кијив, Харкив, Миколајив, Кропивницкиј и други населени области“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Во Кијив се регистрирани голем број уништувања, вклучително и удари во станбени згради, магацински простории, супермаркет, гасна инфраструктура. Во некои реони на главниот град нема струја и вода. РФ исто така нападна и станбени области на Харкив. Заклучно со утрово веќе се знае за 92 ранети и 4 починати лица. Имајќи предвид дека операциите за пребарување и спасување се во тек, бројот на жртви може да се зголеми, велат од МНР на Украина, додавајќи дека објектите чија цел биле на нападите биле сите цивилни.

Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ги повика странските земји решително да реагираат и на овој руски терористички напад со преземање сет мерки, кои, меѓу другото, ќе вклучуваат и забрзување на снабдувањето на Украина со дополнителни системи за противвоздушна одбрана, борбени дронови од секаков тип, ракети со долг дострел со дострел од 300+ километри, донесувајќи одлука за пренос на замрзнатите руски средства за потребите на Украина и прекинување на контактите со руските дипломати во соодветните престолнини и меѓународни организации.

Терористичкиот режим во Москва мора да почувствува дека меѓународната заедница нема да затвора очи пред убиството на цивилното украинско население и уништувањето на украинската критична инфраструктура, велат од МНР на Украина.