МНР на Украина по повод Денот на Соборноста на Украина: Консолидацијата на сите Украинци е најмоќното оружје што гарантира победа и обновување на територијалниот интегритет

Денес Украинците во Украина и во светот одбележуваат важен ден за украинската државност. Пред 105 години, на 22 јануари, Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република се обединија во една држава, се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на Украина, објавен на ЦИВИЛ МЕДИА.

„Отсега, украинскиот народ, ослободен од моќниот импулс на сопствените сили, има можност со обединети и пријателски напори на сите свои синови да изгради неделива и независна држава Украина за доброто и среќата на целиот нејзин работлив народ“ – беше забележано во текстот на Универзалната Директорија од 22 јануари 1919 година.

Понатаму, во коментарот на МНР на Украина се истакнува дека IV Универзал и Актот за обединување станаа важни патокази на патот кон формирањето на украинската политичка нација. Тие документи, според пишувањето на украинското министерство, претставуваат „олицетворение на вечните аспирации на Украинците да живеат во сопствена соборна, независна и суверена држава.“

„Единството и неделивоста на Украина во нејзините меѓународно признати граници, консолидацијата на глобалната украинска заедница во борбата за независност и европската иднина на Украина се и ќе останат меѓу главните приоритети во активностите на украинскиот надворешнополитички ресор“, се истакнува во коментарот на МНР на Украина.

Тоа се вредностите што и денес ги брани Украина, соочена со руската вооружена агресија.

„Токму овие вредности Украина ги брани денес во спротивставувањето на руската вооружена агресија врз нашата земја“, истакнува МНР на Украина.

На крајот, коментарот завршува со ставот дека консолидацијата на сите Украинци е најмоќното оружје на оваа земја:

„Консолидацијата на напорите на сите Украинци е најмоќното оружје што ја гарантира нашата неизбежна победа и обновување на територијалниот интегритет.“

Извор: Министерство за надворешни работи на Украина