МНР на Украина: Окупацијата на АЕЦ Запорижја од Русија е закана за нуклеарната безбедност не само на Украина, туку и на Европа и светот

„Единствен извор на закани за АЕЦ Запорижја беа и останаа незаконските и злосторни дејствија на руските напаѓачи. Русија е единствената држава-терорист во светот која не само што зазема, милитаризираше и се обидува да украде нуклеарна централа, туку ја користи и како платформа за пропаганда. Токму во тој контекст треба да се разгледа и кампањата за дезинформации што ја активираше рускиот режим“, соопшти МНР на Украина.

„Заземањето, милитаризацијата и тековната окупација на АЕЦ Запорижја од страна на Русија создава невидени закани за нуклеарната безбедност не само на Украина, туку и на целата Европа и светот. За време на нивниот нелегален престој на станицата, руските окупатори грубо го прекршија меѓународното право, како и нормите и стандардите за нуклеарна и радијациона безбедност, вклучително и основните принципи на МААЕ во врска со нуклеарната безбедност и заштитеност.

Ние повторно инсистираме дека АЕЦ Запорижја мора да биде вратена под контрола на нејзиниот вистински сопственик, Украина, а Русија мора да да биде изнесена пред лицето на правдата за сите извршени злосторства“, се вели во изјавата на украинското МНР.

Обраќајќи се до светот со повик да заземе цврст став за неутрализирање на заканите за нуклеарна безбедност од страна на Русија, МНР на Украина истакна дека Русија нема да престане со своите манипулации сè додека  светската заедница решително не ги отфрли сите обиди за заблуда и бескомпромисно го брани почитувањето на меѓународното право.

„Ги повикуваме сите држави и меѓународни организации кои ги ценат нормите и принципите на нуклеарната безбедност одлучно да ги осудат руските провокации во АЕЦ Запорижја и да се приклучат кон спроведувањето на Формулата за мир на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, чија една од важните точки е обновување на нуклеарната и радијационата безбедност. Ги повикуваме нашите партнери да го зголемат притисокот врз државата агресор, вклучително санкциониот притисок во областа на нуклеарната енергија, со цел да се спречат понатамошни провокации од страна на Русија во АЕЦ Запорижја и да се олесни ослободувањето на централата“, велат од МНР на Украина.