Ако сте ја гледале серијата Squid Game, сигурно сте се запрашале дали ќе добие продолжение – и одговорот е да!

Иако многумина мислеа дека крајот на првата сезона од мегапопуларната серија Squid Game е крај на истата, тоа не е така!

Нетфликс ја искористи можноста да ја продолжи серијата која ги полуде Европа, Азија и Америка, а крвавата приказна продолжува – ќе видиме во кој правец! Со оглед на тоа што заврши една приказна на крајот од првата сезона, таму можеше да се стави поентата, но остана можноста за продолжување на истата.

Всушност, режисерот на серијата Хванг Донг Хјук во ноември мистериозно ги подгреа сомнежите дека ќе има продолжение, но сега челниците на Нетфликс открија дека пред нас е новата сезона на јужнокорејската хит серија.

Еден од извршните директори на оваа платформа потврди дека нè очекува нова сезона со зборовите: „Универзумот Squid Game штотуку започна“, пишува Variety.

Сепак, датумот се уште не е познат.

Squid Game ја следи приказната за луѓето кои се во долгови и ги прифаќаат најопасните задачи на изолиран остров за да заработат голема сума пари, натпреварувајќи се во детски игри еден против друг. Меѓутоа, ако ги загубат, умираат.