Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја прекина серијата без пораз и на домашен терен загуби од фаворитот и лидер во групата  Франција У21 (0-1), па така, шансите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2023 година се сведени на минимум.

По еден центаршут топката се одби од Јован Манев, заврши во нозете на Пјер Калулу и „галските петли“ дојдоа до предност (0-1).

Позитивата од еден гол која се стекна доста тешко Французите не си дозволија да ја прокоцкаат и во последните петнаесетина минути ја држеа топката во своите нозе.

Така, ја запишаа петтата победа во евроквалификациите во шестиот натпревар и остануваат на врвот. На Македонија У21 не ѝ помогна ниту тројната измена, односно влегувањето на Скендери, Станковски и Максимов од клупата.