Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска ги започна консултациите за мандатот за состав на новата влада со претставници на Движењето Европа сега (ПЕС).

Консултации се одржуваат во резиденција во Цетиње, а на состанокот покрај лидерот на ПЕС, Милојко Спајиќ, присуствуваат и членот на претседателството на партијата Борис Пејовиќ, заменикот од листата на тоа движење Сеид Хаџиќ и пратеникот и член на Алтернатива Јелена Недовиќ.

Како што претходно беше најавено, по претставниците на ПЕС, Милатовиќ ќе има консултации со претставниците на Демократската партија на социјалистите (ДПС), а потоа и со претставниците на Новата српска демократија.

Прикажи повеќе