Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје доживеа пораз од Сутјеска во рамките на АБА2 лигата од 55:56, во натпревар кој беше одбележан со многу грешки и мал број поени и на двете страни.

Сутјеска на полувреме имаше шест поени предност, но МЗТ ја неутрализираше истата во третиот период, по што и двете екипи влегоа рамноправно во последните десет минути.

МЗТ успеа да дојде до предност од шест поени на 3:34 минути до крајот, на половина минута до крајот водеше со 55:51, но по реализацијата на Војиновиќ за Сутјеска, Мекиќ не реализираше две слободни фрлања, а противникот повторно преку Војиновиќ направи целосен пресврт за конечни 55:56.

Милошевиќ со 15 и Мекиќ со 11 поени беа најефикасни во редовите на македонската екипа, додека кај Сутјеска, Бојиќ и Томашевиќ постигнаа по 12 поени.

За МЗТ Скопје ова е втор пораз во регионалната лига, за втор најдобар скор по тој на водечкиот Борац.