Литванската пливачка Рута Меилутите го израмни светскиот рекорд во трката на 50 метри градно на Светското првенство во Фукуока.

Мејлутите ја заврши полуфиналната трка на 50 метри градно за 29.30 секунди, израмнувајќи го светскиот рекорд поставен од Италијанката Бенедета Пилато на Европското првенство во Будимпешта во 2021 година.

Оваа 26-годишна Литванка ќе се обиде да го одбрани златото во оваа дисциплина, освоено на Светското првенство минатата година во Будимпешта. /Gol.mk/

Прикажи повеќе