Ивермектин, лек кој во последните месеци беше во фокусот на јавноста во Србија во контекст на лекувањето на коронавирусот, не е ефикасен во борбата против оваа заразна болест, заклучува Медицинскиот факултет во Белград.

Како што беше најавено, факултетот денеска го соопшти својот официјален став за употребата на ивермектинот.

Поради бројните коментари кои неодамна се појавија во медиумите во врска со употребата на препаратот ивермектин во лекувањето на инфекцијата Ковид-19, Медицинскиот факултет во Белград смета дека нашиот Факултет како институција од највисоко национално значење, треба да се реагира, се наведува во соопштението.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.