Мајами го повтори клупскиот рекорд во реализирани тројки на натпревар од регуларниот дел од НБА сезоната

„Жешките“ ноќеска на средбата со Индијана во триумфот со 125:96, упати 22 прецизни шута надвор од линијата за три поени.

Шест тројки постигна Данкан Робинсон, пет Тајлер Хиро, четири Макс Строус, три Гејб Винсент, две Кеј Зи Окпала, по една реализираа Двејн Дедмон и Јудонис Хаслем.